Не се само секс позите водилка: Ова се ТАЈНИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ ЉУБОВНИЦИ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За да бидете добри во креветот, не морате да совладате 52 пози или да гледате порно филмови.

Многу се важни чувствата и вештините кои ги поседувате или кои со текот на времето можете да ги стекнете.

Немате предрасуди

Кога и да чуете сексуална фантазија на својот партнер или му ја кажете својата, бидете потполно отворени и детално разговарајте за тоа. Запаметете дека сето тоа е само фантазија и не морате да ја направите. Оставете ги предрасудите на страна и сослушајте ги желбите на својот партнер. Можеби ќе дојдете до некое интересно откритие.

Иновативни сте

Креативноста и желбата за нови работи секогаш се посакувани работи во креветот. Некој кој е иновативен и подготвен да проба многу работи, не може да биде лош во креветот.

Многу мислите за сексот

Обратете внимание во кои ситуации помислувате на секс и што во текот на денот ве возбудува дури и без ваша желба, а потоа дозволете си себеси на размислувате и фантазирате за тоа. Ако многу мислите за сексот, ќе бидете подготвени за тој чин.

Способни сте да ги ставите потребите на другите пред своите

Вашиот партнер секогаш ќе се чувствува убаво ако се насочите кон задоволување на неговите желби. Не треба секогаш да го ставате него на прво место, но би било добро тоа да го направите во некој момент секојпат во текот на односот. Однесувајте се кон вашиот партнер онака како што сакате тој да се однесува кон вас.

Би пробале речиси се

Не можете да бидете добри во креветот ако го правите само она што го знаете, а никогаш не влегувате во непознатото. Не морате да изведувате акробации, често минималните промени се сосема доволни.

Уживајте во самозадоволувањето

Оние кои знаат како нивното тело функционира и кои се свесни за тоа што им помага да се чувствуваат добро, се подобри љубовници и повеќе уживаат во сексот. Жените умеат да заборават колку мастурбацијата е забавна, особено кога сте во врска.

Знаете кога треба да бидете погласни и подиви

Луѓето сакаат кога некој во текот на сексот со нив толку се опушта и препушта што не му е важно што прави и колку е гласен. Тоа речиси секогаш е секси. Покрај тоа, момците не знаат секогаш што е потребно и што и годи на жената ако таа не му даде насоки. На момците често им се потребни звуци за да знаат дека се на добар пат. Ако не сакате да изговарате зборови, доволно е со воздишки да го наведувате.

Спонатни сте

Момците сакаат кога жената презема иницијатива во креветот, кога ќе ги изненади со нешто спонтано. Разбудете го додека му приредувате орално задоволство или пречекајте го во креветот со секси долен веш. Бидете креативни.

Физички сте активни

Истражувањата покажуваат дека физичката активност е голем афродизијак за жените и дека може да ги направи подобри во креветот. Со вежбањето ја подобрување непосредноста, го засилувате либидото, ја зголемувате издржливоста и стекнувате посилна самодоверба.