Home Актуелно (Не)официјално: Петре Шилегов е нов градоначалник на Скопје

(Не)официјално: Петре Шилегов е нов градоначалник на Скопје

Според најновите првични официјални, но нецелосни резултати објавени на веб страницата на ДИК, на Петре Шилегов од СДСМ е победник во првиот изборен круг за градоначалник на Скопје .

Со освоени 126.642 гласови, тој ја надмина границата од 50 насто освоени гласови.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во 14 часот се очекува да ги соопшти првичните резултати од вчерашното гласање за локалните избори.

Досега ДИК има обработено 98,74 проценти од гласовите и според податоците објавени на нивната веб страницата, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

ДИК треба во рок од 12 часа од затворањето на избирачките места да ги објави првичните резултати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…