Навивачите воодушевени: Дали е ова доказ дека Мбапе доаѓа во Реал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе со својот потег ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид!

Мбапе направи уште еден чекор кон Реал, пишува мадридски „АС“, овој пат преку Инстаграм. Имено, тој ја „лајкна“ фотографијата на Рафаел Варан и Карим Бензема на пат кон Виго каде вечерва Реал го игра одлучувачкиот меч во Примера.

Ваквиот потег на младиот напаѓач на Монако со аплауз го дочекаа навивачите на „кралскиот“ клуб но и мадридските медиуми кои тврдат дека ова е уште еден доказ дека Мбапе следната сезона ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“.

Мбапе веќе го нарекуваат „Новиот Анри“, а селекторот Дешамп веќе го повика за сениорската репрезентација. Тој со 16 години стана најмлад дебитант, а со 17 најмлад стрелец во историјата на Монако.

Зинедин Зидан уште во 2013 година како 15-годишник се обиде да го доведе во Реал Мадрид, но Мбапе одбил бидејќи сакал да остане во татковината, што се покажа како одличен потег.

Оваа сезона се промовираше во еден од најголемите таленти во светот, а неговата цена вртоглаво расте од ден на ден, па се претпоставува дека неговиот трансфер ќе биде најскап во историјата.