Home Спорт Нацијата ќе слави пласман на СП – утре неработен ден во Панама!

Нацијата ќе слави пласман на СП – утре неработен ден во Панама!

Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела го прогласи 12 октомври за неработен ден во државата поради пласманот на фудбалската репрезентација на Мундијалот 2018 во Русија.

Панама за прв пат во историјата се пласира на Светско првенство, откако синоќа во драматичен дуел ја победи Костарика со 2:1.

Ова е историски ден за нашата земја. Утре ќе одмараат сите работници како во државниот, така и во приватниот сектор. Нема да има ниту настава во приватните и државните училишта. Славете го денот со своите семејства“, изјави претседателот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…