НАТО ќе го користи терминот „македонски јазик“ по завршувањето на процесот од Преспанскиот договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако дел од македонската јавност се огласи со критики и револт поради фактот дека на церемонијата на потпишувањето на пристапниот протоколт на Македонија за НАТО, од алијанската прв пат не ја користеле синтагмата „македонски јазик“ на нивниот сајт, висок извор во НАТО за МИА објасни „откако Договорот од Преспа ќе биде целосно имплементиран ќе биде во можност да го користиме терминот македонски јазик.

Неофицијално, овој пат имало посебен притисок од грчка страна да не се користи терминот на веб сајтот само на овој ден, поради чувствителноста на процесот на ратификација на НАТО протоколот за Македонија, кој треба да се заврши утре во грчкиот Парламент. НАТО, велат, прави сѐ да не предизвика остри реакции од која било страна и да не го стави во опасност процесот на зачленување на Македонија во Алијансата.

Откако ќе се заврши процесот, НАТО ќе се врати на редовната пракса на користење на зборот македонски јазик, согласно Преспанскиот Договор и досегашната пракса, велат за МИА од НАТО.