Настапот на Бредли Купер и Лејди Гага за кој зборува цел свет (видео)

Лејди Гага и Бредли Купер на 91. доделување на најпрестижните филмски награди „Оскар“ ја изведоа популарната композиција Shallow од нивниот заеднички филмски проект „Ѕвездата е родена“.

Во театарот „Долби“ завладеа целосен молк, а салата се исполни со голем емотивен набој кога двојката излезе на сцената, а по настапот, многумина оценија дека ова е нивната најромантична изведба на песната што стана планетарен хит.

Изведбата на „Оскарите“ беше со едноставна сценографија, составена од пијано и столче, но емоциите меѓу актерската двојка беа одлучувачкиот фактор што му даде тежина на настапот. Многу гледачи и корисници на социјалните мрежи го забележале начинот на кој Гага гледа во Купер во текот на речиси целата изведба. Некои од нив дури и се уверени дека меѓу нив двајца има нешто повеќе од само професионален однос.

Што се однесува до тоа како помина филмот „Ѕвездата е родена“ во однос на наградите, Гага го доби „Оскарот“ за најдобра оригинална нумера токму за песната Shallow.

https://youtu.be/xVx-zvCjUZU