Направи си тирамису


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Состојки:

500 г маскарпоне
300 г пишкоти
300 мл силно кафе (еспресо, а може и нес)
2 лажици рум
4 јајца (посебно жолчките и белките)
100 г шеќер во прав
200 г ситно рендана чоколада за готвење
какао

Подготовка:

Измешајте ги еспресото и румот. Кога смесата ќе се олади, натопувајте ги пишкотите по 1-2 секунди во неа и редете ги на дното на голема чинија за торта, во еден слој.

Одвојте ги белките и жолчките.

Изматете ги жолчките со шеќерот, 3 до 5 минути.

Во меѓувреме мешајте го со лажица маскарпонето за да омекне. Додајте му ги жолчките и матете 2 до 3 минути.

Убаво изматете ги белките во посебен сад додека да почнат да се формираат врвчиња, а потоа додајте ги во смесата со маскарпонето и измешајте со дрвена лажица.

Пренесете половина од смесата со маскарпоне врз првиот слој пишкоти.

Врз неа исто така во еден слој додајте ги останатите пишкоти натопени во кафе и рум. Врз нив намачкајте го другиот дел од смесата со маскарпоне.

Одозгора украсете со ренданата чоколада (или со какао). Чувајте ја тортата во фрижидер неколку часа пред сервирањето.