Временска прогноза за првиот февруарски ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Први февруари во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе достигнат – во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 0, Охрид 7, Битола 6, Крива Паланка 4, Берово 2, Кавадарци 9, Дојран 10.

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи претежно од снег.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Дневните температури ќе се движат од 0 до 12 степени.