Намалени девизните резерви во април


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вкупните девизни резерви заклучно со крајот на април оваа година изнесуваат 2,49 милијарди евра, што е за 38,5 милиони евра помалку во однос на март, покажуваат податоците на Народна банка (НБРМ).

Лани во истиот период, вкупните девизни резерви изнесуваа 2,19 милијарди евра.

Најголем дел од вкупните државни девизни резерви се во хартии од вредност, на чие салдо во април имало 1,81 милијарди евра или за 4,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на април минатата година хартиите од вредност изнесуваа 1,52 милијарди евра.

Валутите и депозитите на крајот на април изнесуваа 423,7 милиони евра, еден месец претходно беа 457,8 милиони евра. Лани во истиот период тие изнесуваа 282,9милиони евра.

Во април монетарно злато вредеше 256 милиони евра, а само еден месец пред тоа 255,7 милиони евра.Во април лани пак монетарното злато изнесуваше 245,6 милиони евра.