Home Актуелно Дедото на малата Тамара пукаше во Тодоров

Дедото на малата Тамара пукаше во Тодоров

Полицијата официјално го потврди пукањето во Тодоров и потврди дека станува збор за 57-годишниот Љубчо Стојановски од с. Долно Каласлари, Велес.

MВР соошти дека повредени лица нема. Љубчо е приведен, а полицијата пронашла една чаура. Увидот сè уште трае.

Телевизија Телма, според неофицијални информации, пренесува дека напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да ѝ одобри средства за операција во странство. Решението за одобрените пари пристигна ден по нејзината смрт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…