Истражувачкиот ровер „Упорност“ (Perseverance), кој НАСА го лансираше на Марс, пронајде остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“. Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. …