
Виктор Живојиновиќ оседел
Најмладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, е многу амбициозен и успешен млад човек, на кого неговите родители особено се гордеат.
Освен што води неколку свои бизниси, сега работи на целосната продукција и маркетинг, во тимот на својата мајка, редејќи успех по успех.
Сепак, деловниот свет очигледно го изложил на стрес, па Виктор Живојиновиќ оседел и пред триесеттата година.
Имено, наследникот на Боба, кој исто како и неговиот татко има изразен бизнис-потенцијал, веќе има први бели влакна.
Се вели дека мажите со годините стануваат сè попривлечни, па фактот што кај Виктор се појавиле првите знаци на зрелост, особено ѝ се допаѓа на неговата девојка Софија.
Освен што има шарм на зрел маж, Виктор Живојиновиќ ослабе неверојатни осумдесет килограми и сега девојките полудуваат по него, но неговото срце го освои убавата водителка, со која е неразделен.