Home Актуелно Најнови статистички податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија

Најнови статистички податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија

Според најновите информации за состојбата со коронавирусот во Македонија кои ги пренесе Mинистерството за здравство (МЗ) Институтот за јавно здравје регистрирал 36 оздравени пациенти, односно два пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекувале во домашни услови.

Од МЗ исто така информираат и дека починал пациент од Скопје на 80-годишна возраст, кој бил лекуван на Инфективната клиника од 21 април.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 26 нови случаи на новиот коронавирус, односно, по градови регистрирани се 11 случаи во Скопје, шест во Струга, три случаи во Тетово, два случаи во Куманово и по еден случај во Гостивар, Виница и Неготино и Битола. Заболеното лице од подрачната единица Неготино е жител на Демир Капија, се додава во соопштението од МЗ. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани се искачи на 1.326 лица.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка“, стои во соопштението на МЗ.

Во болницата „8-ми Септември“, пак, се примени 11 пациенти, а вкупниот број на хоспитализирани е 38 пациенти. Од нив, со потешка клиничка слика се шест пациенти, а седум се на респираторна машина.

Досега во земјава се направени 14.057 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 408 теста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…