Најдобрите јога вежби за првите три месеци од бременоста

Најдобрите јога вежби за првите три месеци од бременоста

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бременоста е навистина уникатно искуство.

Иако може да има свои несакани ефекти во форма на гадење, навистина може да биде врвно задоволство ако најдете начин да се грижите добро за себе. Според лекарите, првиот триместар од бременоста е најважен, според сведоштвата на многу мајки. Тоа всушност го дефинира понатамошниот тек на вашата бременост, поради што е важно да останете активни и да си обезбедите лесно породување во текот на деветте месеци. Денес ви претставуваме специјални јога асани за првите три месеци од бременоста.

Јогата е најдобриот начин да ги истегнете мускулите, да се опуштите, но не само тоа – ви овозможува да станете свесни дека во вас расте мало суштество.

Поза кобра-Бхујангасана

Оваа поза го добила своето име затоа што наликува на подигната „хауба“ на кобра. Bhujangasana е асана на почетничко ниво и е многу лесна за изведување. Оваа поза треба да се изведува наутро и да биде во дадената положба се додека ви е удобно во неа, но не подолго од 30 секунди. Бидете нежни со вашето тело во оваа положба и не го туркајте истегнувањето над вашиот капацитет. Оваа поза во голема мера ја намалува вкочанетоста на долниот дел на грбот, зголемувајќи ја флексибилноста на телото како целина.

Поза на пеперутка- Baddha Konasana

Исто така, оваа поза го добила своето име затоа што наликува на пеперутка што мавта со крилјата. Baddha Konasana спаѓа во асана на почетничко ниво и по можност се практикува во текот на денот кога најмногу ви одговара, на празен стомак. Препорачливо е да останете во оваа поза онолку колку што ви одговара, но не подолго од 5 минути. Позата на пеперутка го стимулира срцето и ја подобрува циркулацијата на крвта во телото. Исто така го ублажува заморот и анксиозноста.

Кравја поза-Битиласана

Во оваа поза заземате поза што наликува на положбата на кравата, па така и самата поза го добила името. Санскритскиот збор „битила“ значи крава. Оваа асана, исто така, спаѓа во опсегот на вежби на почетничко ниво. Потребно е да се изврши на празен стомак, по можност наутро по станувањето и да се остане во дадената поза до 15 секунди. Оваа поза во голема мера ја подобрува вашата рамнотежа и држење на телото. Го смирува вашиот ум и го отстранува насобраниот стрес, а во исто време ги истегнува ‘рбетот и вратот.

Поза мачка – Марјариасана

Оваа поза е асана која изгледа како мачка што го заоблува грбот. Припаѓа и на вежби за почетничко ниво. Оваа вежба треба да се изведува на празен стомак и да се одржува најмногу 15 секунди. Оваа поза носи големи придобивки за жените во првиот триместар, како што се подобрување на циркулацијата на крвта, полесно варење и ослободување од стрес.