Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во раната фаза од ковид-19 пандемијата, кога светските пазари потонаа и 22 милиони Американци ги загубија своите работни места, Конгресот и Федералните резерви тргнаа во акција за да ја стабилизираат разнишаната економија.
По милијардите долари готовина за помош на погодените од пандемијата и евтините заеми спонзорирани од федералната влада, американските домаќинства имаат рекордни заштеди. Сепак, најмногу корист имаа оние на кои најмалку им треба помош – ултрабогатите, пишува Блумберг Адрија.
Мошне различниот состав на нето-средствата меѓу американските граѓани е одговорен за овие „искривени добивки“. Акциите и заедничките фондови сочинуваа повеќе од една третина од средствата на најбогатите Американци во почетокот на пандемијата. Ова значеше дека првиот еден процент од најбогатите уживал значителна заработка бидејќи акциите растеа поради стимулацијата и ентузијазмот на инвеститорите. Тие што немаа акции не заработија ништо.
Манијата на акции ја зголеми и вредноста на приватните компании. Ова генерираше неочекуван приход, кој повторно главно отиде кај богатите, пишува Блумберг Адрија. Оние од другата половина од имотниот спектар, чиј најголем имот обично е нивниот дом, ја немаа истата можност да ги зајакнат своите финансии, а сега веројатно ќе бидат дополнително осиромашени поради мошне извесната рецесија.
Добрата вест е дека од финансиската криза во 2008 година, сите економски групи во Америка станаа побогати. Степенот на тие придобивки варираше драстично дури и пред пандемијата. Сепак, одговорот на владата на пандемијата ја зголеми стапката на акумулација на богатство за најбогатите, при што нето-вредноста на едниот процент најбогати се зголеми за една третина во две години по почетокот на пандемијата, според платформата Риалтајм инеквалити, создадена од економисти на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Богатството на најбогатите 0,01 отсто и 0,001 отсто пораснало уште повеќе, за повеќе од 36 отсто.
Податоците на Фед покажаа дека минатата година, за прв пат во најмалку три децении, американската средна класа поседува помал дел од богатството од најбогатиот еден процент во светот.
За речиси осумте години во кои индексот на милијардери на Блумберг ги следеше 100-те најбогати луѓе во Америка, нивните заеднички средства пораснале за повеќе од една милијарда долари. Повеќе од половина од таа вредност е во сопственост на десетте најбогати: Џеф Безос, Илон Маск и осум други чии примарни извори на богатство експлодираа за време на пандемијата, пишува Блумберг адриа.
Сега технолошките акции паѓаат и со себе ги носат богатствата на мегамилијардерите.
Од ноември минатата година, 100-те најбогати Американци изгубиле дури 622 милијарди долари, што е најголема загуба во историјата на овој индекс на Блумберг. Најмногу загубиле Џеф Безос (46,2 милијарди долари) и Илон Маск (22 милијарди долари).