НАЈАВА МУНДИЈАЛ – Од денес светот е фудбал!


Хрватска против “лудите“ јапонци - 16 ден ↓↓↓



Од денес па се до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна теба во целиот свет и тоа нема да се промени се додека судиите не означат крај на 21-то Светско првенство кое денес започнува во Русија.

Од моментот кога во 2014 година во Бразил беше завршено финалето на Светскиот шампионат вљубениците во најважната споредна работа на светот со нетрпение очекуваа повторно да започне битката за најпрестижниот фудбалски трофеј – „Божицата“.

Мундијалот во Русија по многу што ќе биде посебен. Тоа е првиот Светски фудбалски шампионат кој се игра во Источна Европа, а воедно ќе биде и премиерниот Мундијал на кој ќе се користи видео технологија (ВАР) за сите сомнителни ситуации.

Ова ќе биде последно првенство во стандардниот летен период на кое ќе учествуваат 32 екипи, во однос на тоа дека следното првенство се одржува во Катар во ноември и декември 2022 година, а на Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе учествуваат 48 селекции.

Титулата шампион од пред четири години ја брани Германија, која повторно е меѓу фаворитите и може да испише историја и да стане третата селекција која ја одбранила титулата.

Покрај Германија, најголеми фаворити за освојување на турнирот се Бразил, Франција и Шпанија, а како фаворити „во сенка“ се репрезентациите на Аргентина, Белгија и Англија.

Честа да го отвори најгледаниот спортски настан на планетата ќе ја имаат домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а претходно на стадионот „Лужники“ во Москва ќе има свечена церемонија на која ќе пее Роби Вилијамс.

На светската фудбалска смотра ќе учествуваат 32 репрезентации и ќе бидат одиграни 64 меча во следните 32 дена. 21-от Мундијал ќе се игра во 11 руски градови на 12 стадиони, распоредени на територија од 2000 километри.

Светот е во исчекување, се е спремно за почеток…ДАВАЈ, ДАВАЈ!!!

За љубителите на обложувањето Coinbet24 има одлична понуда за Светското првенство, особено за денешниот натпревар од СП на кој може да се обложите, а никако да изгубите – погледнете ТУКА!