Home Шоубизнис Над 23 милиони прегледи: Анимиран спот за спасување на планетата Земја

Над 23 милиони прегледи: Анимиран спот за спасување на планетата Земја

Анимираниот спот за песната Earth од комичарот и рапер Лил Дики, во која учествуваа бројни ѕвезди како Џастин Бибер, Ед Ширан и Аријана Гранде, во неполни 4 дена на YouTube има над 23 милиони прегледи.

„Сè започна како глупава шега, но се претвори во најважната работа која сум ја направил досега“, изјави Лил Дики (вистинското име му е Дејвид Бард) за списанието Time.

Тој откри дека дел од приходите од песната и спотот се наменети за фондацијата од Леонардо ДиКаприо која се занимава со заштита на природната средина и реализација на кампања за климатските промени.

Вкупно 32 светски ѕвезди беа дел од правењето на овој спот, вклучително и Канје Вест, Сиа, Снуп Дог, Леонардо ДиКаприо и многу други.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…