Над 200 апликации на Play Store дистрибуирале шпионски софтвер за кражба на чувствителни податоци

Истражувачите за безбедност на „Trend Micro“ забележале над 200 апликации на „Play Store“ кои дистрибуираат шпионски софтвер „Facestealer“. Овој злонамерен софтвер се користеел за кражба на чувствителни податоци од заразени уреди.

Злонамерните апликации можеле да украдат информации поврзани со личната идентификација на корисникот. Некои од злонамерните апликации, откриени од безбедносни експерти, се инсталирани повеќе од сто илјади пати.

Шпионскиот софтвер „Facestealer“ првпат беше откриен во јули 2021 година. Повеќето од заразените апликации биле „VPN“ софтвер (42), апликации за камера (20) и апликации за обработка на фотографии (13).

„Facestealer апликациите се маскирани како едноставни алатки – како што се „VPN“, камери или апликации за уредување фотографии и фитнес апликации – што ги прави примамливи за оние што користат ваков тип на апликации“, истакнуваат од компанијата „Trend Micro“.