Home Актуелно Над 10 милиони Украинци принудно ги напуштиле своите домови поради воениот напад од Русија

Над 10 милиони Украинци принудно ги напуштиле своите домови поради воениот напад од Русија

Над 10 милиони Украинци биле принудени да ги напуштат своите домови во нивната татковина, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Меѓу одговорностите на оние кои водат војна, насекаде во светот, е страдањето нанесено на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони избегаа – или се раселени внатре во земјата или како бегалци во странство“, напиша Гранди на Твитер.

Според бројките обезбедени од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во петокот, 6,48 милиони луѓе се внатрешно раселени до 16 март.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…