Home Актуелно Со набавка на нова опрема за следење се зголемува безбедноста на авиосообраќајот над Македонија

Со набавка на нова опрема за следење се зголемува безбедноста на авиосообраќајот над Македонија

Одобрување на системот на Македонската навигација, како и зголемување на безбедноста на воздушниот сообраќај над македонското небо, е целта на новата набавка на МНАВ, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при посетата на Македонската навигација.

“Оваа набавка ќе го подобри сето она што значи зголемена безбедност во воздушниот сообраќај. Станува збор за радари, опрема за комуникација, метео опрема и АТМ системи“, истакна Сугарески.

Николче Тасевски, претседател на Управниот одбор и еден од директорите на Македонската навигација, појасни дека се работи за опрема во висина од над 13 милиони евра, од кои осум милиони евра е за АТМ- системот, 3,5 милиони евра за радарската опрема, 1,6 милион евра за систем за комуникации и нова метео- опрема во висина од 700 илјади евра.

„Важно е сите овие проекти да бидат имплементирани за подобрување на квалитетот на давање услуги, за да се зголеми капацитетот на контролата на летање, бидејќи во моментов можеме да задоволиме само илјада прелети на ден, а со новата опрема би можеле да задоволиме до 2,5 илјади прелети на ден“, истакна Тасевски.

Според него, Македонската навигација работи успешно во однос на финансиската состојба, како и во обемот на прелети каде во август се реализирани рекорден број од над 930 прелети на ден

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…