Home Вебкафе На српски начин: Возење Спачак со отворен покрив на снежни услови

На српски начин: Возење Спачак со отворен покрив на снежни услови

Твитерџијата од Србија со Твитер „аватар“ Lowlander објави фотографија од својот пријател како го вози сопствениот автомобил и од него направи вистинска инстант атракција и хит на социјалните мрежи, без веројатно да има таква намера.

„Она кога снегот ти го искинал платнениот покрив, а ти мораш на работа. Мојот пријател Ацо“, напиша Твитерџијата во описот на фотографијата.

Фотката веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи, а многумина беа сомничави во нејзината автентична непосредност, па Lowlander објави уште една фотографија како доказ дека неговиот пријател навистина го вози Спачакот со отворен покрив држејќи чадор во едната рака.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Моника Белучи заблеска во првиот ред на ревијата на Фенди: Елегантниот бел костум ѝ ја украде целата внимателност

Моника Белучи беше една од највпечатливите гости на претставувањето на првата haute coutur…