Бубевски од СЈО кривично го тужи адвокатот Мефаиљ Арслани за „загрозување на безбедноста“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обвинителот од редовите на Специјалното јавно обвинителство Гаврил Бубевски, кривично го тужи адвокатот Мефаиљ Арслани за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста “ од чл.144 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.

Како што стои во пријавата до Обвинителство, „на 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пријавениот Мефаиљ Арслани кој е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет, со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животите и телата на лицата од неговото семејство, на начин што во моментот додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски, како обвинител кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани“.

Обвинителот пријавил дека „пријавениот ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, имајќи ја предвид сериозноста на тонот, обликот на заканите и уверливоста која ја презентирал пријавениот во врска со реализацијата на заканите, што произлегува од изјавите на сведоците“.