На продажба Aston Martin Vantage, кој му припаѓал на Елтон Џон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Автомобилот кој му припаѓал на британскиот пејач Елтон Џон ќе биде продаден на аукција која ќе се одржи на крајот од февруари.

Се работи за еден од најпосакуваните модели, а тоа е Aston Martin V8 Vatageg V550 од 1997 година кој бил во сопственост на Елтон Џон. Автомобилот е рачна изработка и се очекува дека ќе биде продаден по цена поголема од 285.000 евра.

Снажниот V8 мотор развива 550 КС, а тоа овозможува автомобилот да забрза од 0 до 100 km/h за 4.8 секунди. А максимална брзина на автомобилот е 290 km/h. Автомобилот е во одлична состојба и има поминато само 15.000 километри. Новиот сопственик ќе добие комплетна и уредна документација од сервисирањето. Од компанијата произведија вкупно 240 примероци на стандардниот модел V550. Аукцијата е закажана за 24 и 25 февруари.