Home Актуелно На полноќ дизелот повторно поскапува

На полноќ дизелот повторно поскапува

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот ноќеска на полноќ да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.

Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети. Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 ден/кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…