На полноќ дизелот поевтинува, бензините поскапуваат


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од ноќеска на полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, цената на дизелот од полноќ ќе се намали за еден денар, а цените на бензините ќе се зголемат од половина до еден денар. Па така, литар дизел ќе се продава за 72 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 од полноќ ќе чини 85 денари.

Од полноќ за половина денар ќе се намали и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 71,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,652 денари за килограм се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 39,391 денари.