Home Актуелно Од 5. април нови замрзнати цени: Патлиџани 70 денари, кромид за 60 денари, бананите 70, а лимоните 55 денари

Од 5. април нови замрзнати цени: Патлиџани 70 денари, кромид за 60 денари, бананите 70, а лимоните 55 денари

Во својата најнова одлука која беше донесена денеска, Владата ги замрзнува цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот. Одлуката стапува на сила од 5 април до крајот на месецов.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари.

-Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување, истакна Бектеши.

Сепак, рече, ќе се причекаат официајлните податоци од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април.

Министерот ги повика трговците да ја почитуваат Одлуката. Анализите покажале, напомена министерот, дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 – 250 отсто.

На прес-конференцијата во Владата се очекува да се обрати и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…