На оваа возраст престанувате да изгледате младо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кремите и серумите за подмладување, додатоците во исхраната, операциите – листата на третмани на кои се подложуваат жените и мажите за да го забават стареењето на нивната кожа и одржувањето на младешкиот изглед е навистина долга, а заради енормната експанзија на комзетичката индустрија истата не престанува да се зголемува.

Се проценува дека до 2021 година производството на препарати кои го забавуваат стареењето ќе вреди 216 милијарди долари. Но, и покрај сите овие помошни средства, постои возрасна година кога едноставно престанувате да бидете и изгледате младо.

Како што пишува британски Mirror, во 20-те години од животот сме безгрижни, а тоа се одразува и на нашиот изглед. Кожата ни е еластична, очите сјајни, дигестивниот систем беспрекорен, а мамурлаците лесно ги поднесуваме. Но, потоа доаѓаат 30-те години од животот и сето тоа се руши како кула од карти.

Имено, според некои истражувања, на 30-от роденден престануваме да изгледаме младо и почнуваме и видливо да старееме. Иако тоа не го чувствуваме.

Во Оксфордскиот речник пишува дека средовечни години од животот се оние помеѓу 45 и 65 години, па според тоа, уште можеме да се тешиме дека после 30-та година уште не сме во средно животно доба.