Home Актуелно На јавна седница во 11 часот ДИК денес ќе заседава за приговорите

На јавна седница во 11 часот ДИК денес ќе заседава за приговорите

Денеска во 11 часот ќе се одржи седницата на Државната изборна комисија на која ќе се решава за приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

СДСМ и Беса поднесоа 16 приговори за наводни неправилности при гласањето и пребројувањето на гласачките места воизборните едници 2 и 6. Рокот за одлучување на ДИК истекува денеска во 19 часот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд има рок од 48 часа да одговори на жалбата.

Евентуалното прегласување на некое од избирачките места би требало да биде на 25 декември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…