Home Шоубизнис На инструкторката ѝ се закануваа со смрт – еве како се справи со „хејтерите“

На инструкторката ѝ се закануваа со смрт – еве како се справи со „хејтерите“

29-годишната фитнес инструкторка Сиа Купер на своја кожа ја почувствува лошата страна на социјалните мрежи. Таа е доста активна на своите профили и секојдневно коментира фотографии од познати личности за да привлече што повеќе луѓе да ја следат нејзината работа.

Сиа е мајка и фитнес инструкторка која објавува фотографии и совети за вежбање. Досега има над еден милион следбеници на Инстаграм. Проблемот со социјалните мрежи настана кога некои од нив почнаа да ја навредуваат, па дури ѝ испраќаа и смртни закани.

„Секој ден ме вознемируваат. Велат дека сум глупава, грда, напорна и дека сум лоша мајка бидејќи оставам коментари на своите омилени страници“, вели Сиа за people.com.

„Постојано ме распрашуваат како имам толку време за коментирање по Инстаграм. Па, тоа ми е работа. Ме критикуваат дека не поминувам доволно време со своите деца. Моите деца се среќни и здрави. Никого не сум запоставила. Заработувам доволно за да можам да ги гледам своите четири деца. Среќна сум и ништо не може да ме запре. Па ни хејтерите“, додаде Сиа.

„Кога почнав со оваа работа, таквите коментари многу ми пречеа и ме погодуваа. Денес око не ми трепнува, бидејќи сфаќам дека и тоа е дел од работата. Најдобар начин за пресметување со негативните коментари е да не им одговарате“, вели Сиа.

„Благодарна сум им на социјалните мрежи, бидејќи одведоа на толку убави места и запознав толку добри луѓе. И ми е гајле што велат хејтерите, јас имам најдобри следбеници на светот“, заклучува инструкторката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …