Home Актуелно На граничниот премин Ќафасан се отвора нов царински терминал

На граничниот премин Ќафасан се отвора нов царински терминал

Денес, на 16 септември, на граничниот премин Ќафасан се пушта во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна со реализација во 2017 година.

На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски,

Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти, од Царинската управа истакнуваат дека нашата држава обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…