Home Актуелно МВР на нозе поради лажна дојава за бомба во македонското Собрание

МВР на нозе поради лажна дојава за бомба во македонското Собрание

Рано утрово полицијата добила анонимен повик од телефонска говорница во затворот Идризово за поставен експлозив во заградата на Собранието на Република Македонија. Веднаш била  активирана единицата за антитеоризам. Лицата кои во тоа време биле присутни во Собранието биле евакуирани.

По проверката во внатрешноста на зградата и во околината на објектот било утврдено дека нема никаква експлозивна направа.

Пред само неколку дена имаше слична дојава, при што лице во пијана состојба се закануваше дека ќе ја ракетира зградата на Владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…