Home Спорт Мурињо за трансферот на Роналдо: Невозможна мисија!

Мурињо за трансферот на Роналдо: Невозможна мисија!

Манчестер Јунајтед со победа ја започна турнејата во САД, а после натпреварот Мурињо проговори за можноста да се врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Роналдо на почетокот на преодниот рок беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, клуб во кој со голем успех настапуваше во периодот од 2003 до 2009 година.

„Никогаш не сме размислувале за трансферот на Роналдо, бидејќи тој е многу важен играч за Реал, клуб кој поседува голема економска моќ. Не можевме да пронајдеме ниту една причина поради која тој би го напуштил Реал. Не ја поддржувам тезата Јунајтед да губи време на фудбалери чии трансфер е невозможен“, изјави Мурињо.

Исто така португалскиот тренер проговори и за нереализираниот трансфер на соиграчот на Роналдо, Алваро Мората. Според него сумата од 80 милиони евра која ја бара Реал била преголема за неговиот клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…