Home Спорт Мурињо прави страшен среден ред: После Матиќ пристигнува ѕвездата на Рома?

Мурињо прави страшен среден ред: После Матиќ пристигнува ѕвездата на Рома?

Жозе Мурињо полека ги склопува коцките и прави шампионски тим, а „Специјалниот“ најдобро знае дека за освојување на трофеи најважен е средниот ред.

После договарањето на трансферот на Немања Матиќ од Челзи, англиските медиуми пренесуваат дека следна цел е ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан.

Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со Белгиецот и му нудат двојно поголема плата, односно 8 милиони евра по сезона.

Проблем за „Специјалниот“ може да биде фактот што Рома не сака да се раздели од својот најдобар фудбалер, па Мурињо ќе треба да спреми најмалку 50 милиони евра за да ја убеди „Волчицата“.

Сепак, доколку успее во намерата да состави среден ред Матиќ – Погба – Наинголан, „црвените ѓаволи“ ќе бидат едни од фаворитите за титулата следната сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…