Мурињо може да добие отказ уште следната недела!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со отказ уште следната недела доколку „црвените ѓаволи“ загубат од Њукасл на „Олд Трафорд“ во сабота.

Според „Сан“ клупското раководство ја загубило довербата во Португалецот и во моментов Мурињо е се уште на клупата само поради фактот што клубот нема најдено негов заменик.

Зидан се поврзува со клупата на „црвените ѓаволи“ уште од почетокот на сезоната, но последните информации се дека Французинот се дистанцирал и не сака да доаѓа во нов клуб на средина од сезоната.

Меѓутоа следниот викенд има пауза за националните тимови, па од клубот ќе имаат повеќе време да реагираат и да најдат заменик за „Специјалниот“. Најверојатно тоа ќе биде привремено решени и не е исклучено тимот до крајот на сезоната да го води Мајкл Карик.