Home Спорт Мурињо го откри клубот каде што се чувствувал најдобро

Мурињо го откри клубот каде што се чувствувал најдобро

Жозе Мурињо освојуваше титули каде и да беше, а беше во Челзи, Порто, Интер или Реал Мадрид. Но, каде се чувствуваше најдобро?

Манчестер Јунајтед најверојатно направи вистинска работа кога го доведе Жозе Мурињо за нов тренер. По првата сезона во која имаше многу маки, во втората Мурињо има одличен тим, ја дополни екипата со добри фудбалери како Немања Матиќ и Ромелу Лукаку, играчи кои многу добро го познаваат неговиот систем на игра.

„Многу сум подобар тренер денеска, особено поради самоконтролата, сега сум многу позрел од претходно“, изјави Мурињо.

На прашањето дали Манчестер Јунајтед е кандидат за титулата, тој одговори дека се уште е рано да се зборува за тоа.

„Во некоја друга лига ќе речеме дека седум победи и еден нерешен резултат е речиси сигурна титула, но не и во Англија. Добро започнаме, но не знаеме како ќе завршиме“, додаде Мурињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…