Home Спорт „Мундо Депортиво“: Барселона ја следи ѕвездата на Милан!

„Мундо Депортиво“: Барселона ја следи ѕвездата на Милан!

„Мундо Депортиво“, весник кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барселона, пренесува дека Барселона го следи напаѓачот на Милан и португалската репрезентација, Андре Силва.

21-годишниот Португалец ова лето за 40 милиони евра пристигна на „Сан Сиро“ и почна да го покажува својот квалитет.

Иако во Серија А не добива голема минутажа, Адре Силва е прв стрелец во Лига Европа со шест постигнати гола, а блеска и во дресот на Португалија каде на последните 9 меча постигна 8 гола.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона внимателно ги следи неговите настапи и сака следното лето да го донесе на „Камп Ноу“.

Каталонците се спремни да понудат 30 милиони евра, плус потписот на Жерар Делуфеу, па останува да видиме како ќе реагира Милан на оваа понуда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…