Home Актуелно Мухиќ во одбрана на Иванов: Хан нема право да му дели лекции!

Мухиќ во одбрана на Иванов: Хан нема право да му дели лекции!

„Сакам сосема кратко да изразам еден вид протест во одбрана на достоинството на сите наши институции во државата. Имено, на Македонија и е потребно и има неприкосновено право за меѓународно почитување“, истакна на вчерашната собраниска седница пратеникот Ферид Мухиќ.

-Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот. Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството. Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет, нагласи Мухиќ.

Пратеникот побара поддршка од колегите пратеници.

-Од вас барам поддршка и во идните ситуации да се усогласиме. Без разлика какви се нашите ставови за претставниците, нашето суверено прво и само наше право е да искажеме јавна критика, останати актери од други земји на тоа не треба да имаат право, рече тој.

Извор: Фокус

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…