Home Вебкафе Му закачи бокс на кенгурот за да го спаси своето куче

Му закачи бокс на кенгурот за да го спаси своето куче

Снимката од Грег Тонкинс, кој се „степа“ со еден кенгур за да го спаси своето куче Макс го обиколи светот преку социјалните мрежи.

34-годишниот Австралиец, кој е чувар на слонови во зоолошката градина Таронга Вестерн Плејнс, ловеше диви свињи со група пријатели во јуни, кога еден кенгур го нападна неговото ловџиско куче. Не размислувајќи многу, Тонкинс потрча кон кенгурот и му „закачи“ еден бокс со цел да го спаси Макс од неговите канџи. Спасувањето го сними негов пријател, а видеото го објави на Фејсбук.

Иако многумина ја пофалуваат неговата храброст, зоолошката градина во која работи Грег ќе го разгледа овој инцидент за да утврди што ќе биде во иднина со неговиот ангажман во зоолошката. Тонкинс отишол во лов со цел да му ја исполни желбата на својот пријател кој умира од рак.

„Го удри кенгурот само за да го спаси кучето и да му го одвлече вниманието од нас, бидејќи мислеше дека ќе не нападне и нас“, изјави неговиот болен пријател Кајлем, кој набрзо после тоа почина од лошата болест. Инцидентот се случил во јуни, но дури неколку месеци подоцна видеото беше поставено на Фејсбук, каде беше прегледано од неколку милиони корисници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…