Home Вебкафе Му влезе „во срцето“: Вака изгледа однатре ураганот Доријан кој пустоши низ САД (видео)

Му влезе „во срцето“: Вака изгледа однатре ураганот Доријан кој пустоши низ САД (видео)

Пилот од редот на американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), со авион влета во „срцето“ на ураганот Доријан кој е од петта категорија и кој пустоши низ САД.

На видео снимката направена од пилотската кабина се гледа како изгледа тоа возење и како „Ловецот на урагани“ успеа да се пробие низ влажниот и опасен вител и да дојде во центарот каде е мирно.

Како што се наведува, тој таа акција ја извел со авионот Локхид ВП-3Д Орион кого нагалено го викаат „Кермит“, според ликот на жабецот од популарната серија Мапет шоу.

На снимката се гледа како пилотксата кабина е украсена со маскотата Кермит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…