Home Спорт Морбидна порака на навивачите на Рома – обесија тројца првотимци!

Морбидна порака на навивачите на Рома – обесија тројца првотимци!

„Небесно-плавите“ ја совладаа „волчицата“ во римското дерби минатиот викенд, а според италијанските медиуми навивачите на Рома тешко го поднесоа тој пораз и своето незадоволство го искажаа на морбиден начин.

Имено, блиску до Колосеумот во Рим осамнаа обесени три куклу облечени со дресовите на фудбалерите на Рома, Мохамед Салах, Даниеле де Роси и Раџа Наинголан, со порака:

„Совет, без навреда…Секогаш спијте со запалени светла“

Поедини медиуми тврдат дека ова е дело на навивачите на Лацио, додека дел сметаат дека ова е порака од навивачите на Рома.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…