Спорт

Монтела: Интер слави за реми, па нели требаше да се бори за Скудето!?

„Росонерите“ буквално во последните моменти од натпреварот испуштија победа во градското дерби против Интер, што остави горчлив вкус кај тренерот Монтела.

Сепак, Милан и после ремито се наоѓа на второто место на табелата, а Интер е на 9-то место, иако на стартот на сезоната „нероаѕурите“ најавуваа напад на „Скудетото“.

„Постои доза на разочараност кај сите бидејќи испуштивме победа во последните секунди. Сепак, те треба да тагуваме бидејќи сме на второто место на табелата и треба да продолжиме да победуваме уште на нареднот меч. За нас е комплимент што Интер слави реми како да победил, а на почетокот на сезоната најавуваше борба за Скудетото. Направија големи инвестиции, ние ќе бевме разочарани да бевме на нивното место на табелата“, изјави Монтела.

„Во последните минути од натпреварот бевме многу нервозни и психички изморени, сепак ова е најмадиот тим во целата лига. Не успеавме да го задржиме водството во последните секунди, но тоа ќе биде добро школо за младите. Моите играчи заслужуваат само комплименти“, заклучи тренерот на „росонерите“.

Advertisements
To Top