Monday од „Гоце Стевковски Септет“ на џез плејлиста од Spotify


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селекторите на најголемиот светски сервис за слушање музика, Spotify, ја поставија џез композиција од „Гоце Стевковски Септет“ на нивната плејлиста State of Jazz.

Станува збор за песната Monday, која го отвора новиот албум на септетот на Гоце Стевковски, наречен Homage to a Dreamer. Албумот, во Македонија, на компакт диск го издаде Скопје Џез Фестивал, додека дигиталното издание за светскиот пазар излезе на 17 август под етикетата на Филтер Лабел. Инаку, се работи за второ албумско издание на групата Гоце Стевковски Септет, на кое се наоѓаат седум нови композиции напишани од Стевковски.

Плејлистата State of Jazz, која ја подготвуваат кураторите на Spotify, важи за еден од најрелевантните избори на она што е квалитетно во светската џез продукција. На листата има вкупно 75 песни, а композицијата Monday на Стевковски е во друштво на музика од новите изданија на Brad Mehldau Trio, Kamasi Washington, Steve Turre, Trygve Seim, Charles Lloyd & The Marvels и други претставници на светската џез елита.

Интересно е што Monday се појави на оваа листа уште на денот на објавувањето и тоа на високото 8 место.