
Моментот не можеше да биде подобар: Невена Божовиќ сподели убави вести
Пејачката Невена Божовиќ изненади со убави вести на посебен ден.
Невена Божовиќ се пофали со убави вести на Инстаграм. Откако се омажи за пилотот Никола Ивановиќ, со кого ја има ќеркичката Анка, живее во Будва.
– И пред да се омажам, знаев дека во Будва поминувам три-четири месеци секоја година, и летно и зимско време. Таму имам многу пријатели и ми прија живеењето во помал град.
Мојата професија често знае да биде многу напорна – постојани снимања, многу обврски, медиуми, и сето тоа исцрпува. Во Будва имам време да создавам, да пишувам, таму наоѓам инспирација затоа што имам простор за себе, а и животот во помал град е многу посмирен – изјави во една прилика пејачката, која дури три пати учествуваше на престижниот фестивал Песна на Евровизија.
Дека одлично може да ги балансира приватниот и професионалниот живот, докажа кога на посебен празник, Денот на жената, ја објави новата песна „Како живеам“ во соработка со познатиот музичар Влатко Стефановски.
Пејачката во јуни 2024 година го издаде својот прв авторски албум, а таа е единствената пејачка во Србија која настапила на Песна на Евровизија откако претходно учествувала на Детската песна на Евровизија.