
Милена Вучиќ е бремена
Милена Вучиќ е во блажена состојба. Најубавите вести пејачката ги сподели со своите пријатели токму на Денот на жената. Таа ја потврди и информацијата за својата бременост:
“Ова е посебен момент за нас и за целото семејство. Истовремено сме среќни и љубопитни. Ни претстои прекрасен период, но и голема одговорност. Се радуваме и се молиме сè да биде како што треба. Точно е, бремена сум по трет пат.”
Милена во бракот со продуцентот Никола Буровац веќе има две деца. Се очекува породувањето да биде кон крајот на август, а среќните родители наскоро ќе го дознаат полот на бебето.
Сопругот на Милена, познатиот телевизиски и филмски продуцент, неодамна истакна дека за него најважно е да биде добар пример за своите деца:
“Среќен сум кога можам да издвојам време, иако најчесто е за време на празници, да го исклучам телефонот на неколку часа и да бидам со децата или да прочитам некоја книга. Морам да признаам дека тоа се магични моменти на слобода што ни се неопходни на сите. На крајот на краиштата, што друго имаме освен нашето семејство кое е секогаш тука? Свесен сум за моментот, за минливоста на времето, па се трудам секогаш да бидам добар човек, бидејќи знам дека тоа е единственото нешто што останува зад нас – каков си бил и како си живеел. Сакам да бидам добар пример за своите деца.”