Home Актуелно Мобилни тимови од утре почнуваат со теренска вакцинација против морбили

Мобилни тимови од утре почнуваат со теренска вакцинација против морбили

Мобилни тимови од Министерството за здравство од утре почнуваат со теренска вакцинација против морбили, информираше министерот за образование Арбр Адеми.

По најавата дека невакцинирани деца нема да бидат примени ниту во градинка ниту во училиште, Адеми истакна дека се постојан контакт со Министертвото за здравство и работат на хармонизација на Законот.

Посочи дека ситуацијата со морбилите е алармантна, што само по себе подразбира и преземање на агресивна кампања за вакцинирање. Адеми уверен дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати и дека новодонесеното решение ќе биде во соогласност со уставните одредби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…