Home Актуелно МНР апелира до сите државјани на Македонија кои се во Украина да ја напуштат земјата – другите да избегнуваат патувања таму

МНР апелира до сите државјани на Македонија кои се во Украина да ја напуштат земјата – другите да избегнуваат патувања таму

Министерството за надворешни работи на Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава:

Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:
+380442877882
+380663951190
е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…