Home Актуелно ММФ ја одложува расправата за 1 милијарда долари тешкиот заем за Украина

ММФ ја одложува расправата за 1 милијарда долари тешкиот заем за Украина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес  нема да дискутира за прашањето за доделување на следната транша на Украина, како што се предвидуваше. Причината е одлуката на Владата во Киев да ги прекине трговските врски со немирниот источен дел на земјата, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации од Киев.

ММФ предвиде дел од денешното заседание на неговиот Борд на директори да биде посветено на завршувањето на прегледот на траншата од 1 милијарда долари наменета на Украина.

Требаше да се направи проценка на економското влијание на мерките преземени од Украина како одговор на блокадата и заплената на украински претпријатија од страна сепаратистите, објасни министерот за финансии на земјата Олександар Данилјук.

Порано и ТАСС соопшти за одложувањето на траншата, повикувајќи се на свој извор во фондот. Како причина руската агенција исто така ја посочи целосната блокада на транспортните комуникации со самопрогласената Доњецка и Луганска народна републики

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…