Мицкоски до граѓаните: Заев во недела спрема сценарио, сите излезете да гласате


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на најголемата опозициска партија кај нас, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со јавен апел ги повика сите граѓаните кои имаат право на глас во недела да излезат и да гласаат на првиот круг од претседателските избори.

Притоа, тој потенцираше дека е многу важно да се излезе на гласање бидејќи, како што јавно впери прст со обвинување, власта подготвува сценарио да не се постигне цензус за да се избере претседател во собрание преку уставни измени.

„Да се излезе што помасовно во недела во што поголем број и да се покаже дека правдата ќе победи. Правдата ќе го казни заевизмот, за она што го ветија, а не го направија. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во свои раце. Власта да не се дрзнува да ја попречува волјата на народот и да не пристапува кон методите за фалсификат како што правеше на референдумот“ изјави Мицкоски.

Тој на новинарското прашање поврзано со новообјавените прислушувани разговори како одговорен за тоа го посочи премиерот Заев затоа што, како што вели, ова е последица од неговото „реално шоу“со објавување на нелегално стекнати материјали во 2015 година.