Home Актуелно Мицевски до Реџепи: Изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање недоверба на владата“

Мицевски до Реџепи: Изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање недоверба на владата“

Колега Скендер, ајде заедно да ја срушиме криминалната и делегитимирана влада, преку Фејсбук статус му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, кој го повлече својот потпис од иницијативата за гласање недоверба на владата.

„Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпиша на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско Собрание. Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној, бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското Собрание. Одлуката овојпат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина“, напиша Мицевски на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…