Home Актуелно Министерството за финансии официјално ја презема иницијативата за PayPal

Министерството за финансии официјално ја презема иницијативата за PayPal

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до Пејпал (PayPal) за да ја отпочне постапката за воведување на услугата прием на пари (receive) во Македонија преку овој платежен сервис PayPal.

Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку Пејпал.

Ова е заклучокот од вчерашната средна на претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за економија и информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија, заедно со потписниците на оваа иницијатива.

Основачот и косопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на Пејпал како платежен сервис за продажните места во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…